Жена загина во лавина на француските Алпи

Жена загина во лавина на Мон Блан на француските Алпи додека планинарела со уште две лица на тој планински масив, соопштија спасувачките служби.

Несреќата се случила во саботата на глечерот Аргентиер, еден од најголемите глечери на планинскиот венец Мон Блан, пренесува „Гардијан“.

Жена (45) и нејзиниот партнер планинареле со водич во планина кога ја затрупала лавина, пишува „Фигаро“.

Треба да знаете
Последни објави