Министерката за одбрана Славјанка Петровска се нашла во близина на вечерашниот пожар кој се случил на булеварот „Кочо Рацин“ кога автомобил во движење се запалил и експлодирал. Ова го потврди министерката Петровска, која вели дека во ниту еден момент не се посомневала дека ѝ е загрозена безбедноста.
-Се е чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар, вели Петровска за “А1он”.
Полицијата соопшти дека изгорел автомобил „Опел Астра“, кој се запалил во движење, а 21-годишниот возач не е повреден.