Спалети преговара за продолжување на договорот со Наполи

Италијанскиот фудбалски стручњак Лучијано Спалети преговара за продолжување на договорот со Наполи, објави новинарот Николо Шира.

Спалети планира да го продолжи договорот до летото 2025 година.

Шеесет и тригодишниот Италијанец седна на тренерското место на Наполи во јули 2021 година. Неговиот договор истекува во јуни 2023 година.

Сезонава Наполи е на врвот во Серија А со 47 бодови од 18 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави