Холандска лекција со „дестка“ за Македонија

Македонската ракометна репрезентација претрпе втор убедлив пораз, овојпат од Холандија (24:34) во рамките од 2. коло во групата Ф на 28. Светско првенство и во вториот натпревар на Светското првенство. По новото разочарувачко издание за избраниците на селекторот Кирил лазаров останува последна шанса, третото коло и дуелот со Аргентина за оставарување на амбициите пласман во втората рунда. Но, таа надеж ќе тлеее само доколку „црвено-жолтите“ не ги повторат бледите изданија против Норвешка кој на стартот не совлада со 39:27 и сега со Холандија.

Од најавите дека ќе се воздигнат и ќе одиграат на победа против Холандија која на Мундијалот учествува со вајл- карта, немаше ништо. Македонија неможеше да парира на брзата игра на Холанѓаните. Одбраната не беше на нивото.

Македонија на овој дуел имаше само добри пет минути кога резултатот беше 3:3, по што играта и резултатот ги контролираше Холандија. Разликата констатнтно се зголемуваше, па на одмор се замина со седум гола предност  за Холандија (18:11).

На почетокот од вториот дел, намаливе до минус четири (17:21) повеќе не можевме. Следуваше едно исклучување на Филип Талески по кое предноста на Холандија повторно почна да расте за конечни на крајот 24:34.

 

Треба да знаете
Последни објави