Ракометната јавнос во екот на Светскот првенство кое се одржува во Поска и Шведска се узбурка по денешната објава на данската „ТВ2“ за наводни наместени натпревари, а во кои исходи биле вклучени и македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Набрзо по објавената скандалозна вест се огласи и ЕХФ од каде тврдат дека тие немаат никакви докази, а нема ниту полицијата.
„Во 2018, „Спортрадар“ истражуваше по најави за нелегални обложувачки однесувања во најсилните натпреварувања на ЕХФ. Во декември 2018, ЕХФ ја препрати документацијата до релевантните органи, поточно до единицата за спортски интегритет, како и одделот за организиран криминал со цел да започнат истрагите. Тоа беше пристап кој е потребен за местењето натпревари, кое е кривично дело за тое мора да се одговара. Според нашите сознанија, досега полицијата не пронајде ништо, па шпекулациите продолжија.
Самостојната анализа на ЕХФ на тие натпревари од спортска гледна точка не пронајде докази кои ги потврдуваат наводите. Во ЕХФ има нулта стапка на толеранција за било какво местење натпреваи или влијание на резултати. Местењето не е прифатено во спортот и во едно наше натпреварување би било кршење на сите вредности на ЕХФ. Судиите не се суспендирани бидејќи ниту полицијата, ниту ЕХФ нема повод за било каква санкција“, стои во соопштението од ЕХФ.