Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш реагираше на однесувањето на навивачите по дербито со Манчестер сити (2:1).
По победата, фудбалерот изјави дека играчите на клубот изгледаат „како вистински тим”. Многумина ова го протолкуваа како „пецкање” на Кристијано Роналдо, кој во ноември го напушти Манчестер јунајтед.
– Не го користете моето име за да го напаѓате Роналдо. Кристијано беше дел од нашиот тим во првата половина од сезоната. Продложуваме понатаму, изјави Фернандеш.
По 18 натпревари, Манчестер јунајтед е трет во табелата во Премиер лигата со 38 бодови. Лидер е Арсенал (44 бодови на 17 натпревари).