Четворица хулигани се упасени во Сараево по нападнати родители на млади фудбалери од Србија

Четири лица се уапсени по нападот врз група родители на деца од Белград кои учествуваат на регионален фудбалски турнир во Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.
Група од десет маскирани хулигани нападнале родители на момчиња кои играле за српскиот клуб Звездара. По натпреварот, момчињата од српскиот тим отишле во своите соби, а родителите во друг хотел каде што биле сместени.

Пред хотелот ги пречекала група маскирани хулигани, кои влетале во хотелот и фрлиле солзавец. Кога групата родители излегле на паркингот, ги нападнале со факели, а еден од нив го избоделе со нож. Повредениот родител е пренесен во болница во Сараево, каде му е укажана помош и сега се чувствува добро, пренесува Нова.рс.

“Никој од родителите не беше во конфликт со никого. Има тимови од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија. Разменивме знамиња, беше сосема нормална атмосфера. Очигледно беше напад на навивачите, бидејќи беа маскиран и имаа факели, ножеви и солзавец“, изјави за Нова.рс еден од родителите.

„Бев со група од десет родители, тргнавме по тројцата кои прскаа со солзавец. Излеговме на паркингот и таму беа дваесетина. Тие пукаа во нас и се вративме назад. Во тој момент влеговме во хотелот и на еден од родителите му реков дека му е скината јакната“, рече тој.

“Потоа рече дека го боли бутот. Кога погледнавме, видовме дека е избоден. Ни беше мило што децата се во хотелските соби и што не видоа што се случува”, рекол родителот. По овој настан полицијата испратила обезбедување во хотелот, а на секој кат има по двајца полицајци.

Треба да знаете
Последни објави