Ѓоковиќ има проблем со задната ложа по што не тренира со полн интензитет, а тој реши да не го одржи тренингот кој беше закажан за 12:15 по локално време.
Во петокот Новак изјави дека само е претпазлив и затоа не тренира со полн интензитет, изрази надеж дека ќе нема проблем со повреди кога ќе почне турнирот.
„Малку се мачам со задната ложа, но се надевам дека нема да имам премногу грижи. Засега можам да тренирам и да се натпреварувам. Малку сум повнимателен, не одам со полна сила на тренинзите, штедам енергија за наредната недела. Се надевам дека тогаш нема да имам проблеми“, изјави Ѓоковиќ во петокот.
Ѓоковиќ лани беше депортиран од Австралија поради тоа што не беше вакциниран, па Србинот и неговите фанови имаат посебни мотиви тој да го освои престижниот пехар оваа година.