Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Димитар Ковачевски
Ковачевски без срам повторно ветува исти капитални инвестиции и економски бум во Македонија. Повторно ги слушаме истите проекти како автопатот Кичево – Охрид, автопатот од два километри кон Косово, железнички пруги и слично, единствено различно е што во ветувањата за оваа година ја нема споменато изградбата на нов клинички центар во Скопје.
Владата на Ковачевски ниту има капацитет ниту знаење да реализира капитални проекти во државата. Тие единствено што знаат е да ги трошат народните пари. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра а проекти нема.
Така беше и минатата 2022 година кога власта во најголем дел како капитални инвестиции ги книжи набавките на воена опрема, а нема ништо од реализација на нови клинички центри, училишта или автопати. Апсурден пример е дека министерство кое реализирало најголем процент од капитални расходи е министерството на Груби, што нема апсолутно никаква врска со капитални инвестиции кои ќе го подобрат стандардот на живеење на граѓаните. Дополнително друг поразителен податок е дека нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно разликата е околу 140 милиони евра.
И за 2023 година владата на Ковачевски ги повторува истите проекти од претходната година и од ветувањата давани од владата на Заев. Само пролонгираат рокови, само трошат пари, а завршница нема никаква.
Колку побрзо оваа власт замине, толку побрзо ќе се надмине ова економско тонење во кое се наоѓа Македонија.