ВМРО-ДПМНЕ: Скафандер министерката за култура Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, документите за Вевчанскиот карневал покажуваат дека општина Вевчани испратила целосна документација

Бисера Костадиновска Стојчевска е фатена во лага, тоа ги потврди и доказите кои испаднаа во јавноста.

Костадиновска Стојчевска и СДС безочно лажат дека општина Вевчани не поднела целосна документација за покровителство на министерството за култура на Вевчанскиот карневал.

Срамно е Костадиновска Стојчевска како прв човек во министерството да не знае или да не е информирана, а да излегува во јавноста со лаги и манипулации.

Имено целосната апликација од општина Вевчани до министерството е испратена на 11.11.2022 години, додека трае Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа за заштита на културно наследство за 2023 година.

Целосни невистини се констатациите на скафандер министерката дека апликацијата е не целосна.

Општина Вевчани, оваа година, но и минатата година се одбиени од министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска за финансиски средства на традиционалниот вевчански карневал.

Иако овој карневал е во постапка за конечно да влезе на листата на културно нематеријално наследство сепак од владата на СДС и ДУИ и оваа година решија да не го поддржат. Иако изминатите години, секоја година ова министерство одвојувало значителна сума од Буџетот за организација на Карневалот.

И покрај тоа што Костадиновска Стојчевска го опструира карневалот, и таа не се појави изминатите денови во Вевчани, сепак општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, заедно со покровители и љубители на карневалот успеа да го реализира овој настан.

Непојавувањето на Костадиновска Стојчевска на карневалот е само уште еден доказ дека оваа антимакедонска власт на СДС и ДУИ целосно сакаат да ја уништат културата, како и вековната традицијата во Македонија.

Вевчанскиот карневал успешно се реализираше и на него продефилираа десетици маски, го посетија илјадници туристи, како од државата, така и од странство.

Веднаш Бисера Костадиновска Стојчевска да и им се извини на Вевчанци, како и на целата македонска јавноста за лагите кои ги изнесе, но и за игнорантскиот однос на Вевчанскиот карневал и веднаш да си поднесе оставка.

 

Треба да знаете
Последни објави