Мадона ги избриша сите свои објави од Инстаграм

Кралицата на поп музиката Мадона ги избриша сите свои објави од Инстаграм.

Во текот на ноќта Мадона избриша повеќе од пет илјади објави кои претходно ги поставила на Инстаграм.

Некои од нејзините колеги претходно го користеа истиот принцип кога се подготвуваа да најават нова турнеја или албум.

Обожавателите се убедени дека Мадона овојпат го прави истото, но има и такви кои се скептични и се прашуваат дали кралицата на попот решила да ги избрише своите бизарни фотошопирани фотографии со кои претходно скандализираше голем дел од јавноста.

Кога станува збор за музиката, Мадона изминатиот период објавува ремикси од нејзините стари хитови.

Треба да знаете
Последни објави