Во централна Калифорнија шест лица загинаа во напад на семејна куќа.
Меѓу убиените во масакрот се 17-годишна мајка и нејзиното шестмесечно бебе, изјави пред новинарите шерифот на округот Туларе, Мајк Будро, пишува „Еј-би-си њуз“.
„Имаме преживеани“, рече шерифот.
Властите не уапсиле ниту еден осомничен, а веруваат дека нападот го извршиле две лица.
„Веруваме дека се работи за нешто лично“, рече шерифот.
Полицијата смета дека во овој случај се вмешани криминални нарко банди.
Некои жртви биле пронајдени во куќата, додека други биле пронајдени од полицијата на улицата надвор. На еден маж, кој бил ранет кога пристигнала полицијата, му биле санирани повредите во болница.
„Во моментов нема повеќе информации што можам да ги споделам со вас“, заклучил шерифот.