Покрај победничката, внимание на овогодинешното натпреварување привлекоа и претставничките на Украина и Русија.
По завршувањето на изборот, Украинката Викторија Апанасенко проговори за односот со Ана Линикова, претставничката на Русија.
„Напорите на Украина да ја исклучи руската претставничка од изборот за убавина беа неуспешни,“ изјави Викторија за украинскиот ТВ канал TSN News.
„Работевме многу на тоа, но доби американска виза и тоа го реши нејзиното учество на натпреварот. Штом Американците ѝ дадоа виза, организацискиот одбор не може да ја исклучи од натпреварот“, објасни Украинката.
Викторија откри дека Русинката постојано барала да се фотографира покрај неа на натпреварот. „Нејзиниот организациски одбор ја советувал да направи селфи со мене“, изјави Викторија.
„Ова не е прв пат да се обиде да го направи ова. Имам само едно прашање за неа и досега не добив одговор: дали ја поддржува политиката на својот претседател кој ја започна војната во Украина или не. Неколку пати се понуди да направи ‘пријателска фотографија’,“ вели Викторија.