Рафаел Надал потешко од очекувањата го доби мечот против британскиот тенисер Џек Дрејпер и се пласираше во следното коло на првиот сезонски гренд-слем турнир Австралија опен. Шпанскиот тениски ас загуби еден сет, но брзо се врати во игра и го реши мечот во свој корист.
Надал го почна мечот со 7-5 за водство од 1-0 во сетови, но потоа следуваше негов очаен сет во кој загуби со 6-2. Британецот изедначи и се понадева дека може да направи чудо.
Но, шпанскиот ас не размислуваше така, следните два сета ги доби со 6-4 и 6-1 и со триумф од 3-1 се пласираше во следното коло, во кое ќе игра против Американецот Мекдоналд, кој пак со 3-2 во сетови го совлада Накашима.