Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук”.
Нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми.
За да се овозможи демократски развој на државата, од суштинско значење е новинарите да бидат безбедни во секој момент и да им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работа, односно да можат навремено да ги информираат граѓаните за различни општествени случувања, без закани и заплашувања.