(Видео) Српски платеници во Запорожје: Се случува истото како во Југославија, дојдовме да им помогнеме на нашите браќа

Српски платеници пристигнаа на фронтот во Запорожје, тврдат членовите на „Русско-српското друштво орли“.

Како што наведоа на апликацијата за пораки Телеграм, баталјонот именуван по советскиот генерал Павло Судоплатов „беше полн со доброволци од братска Србија, кои пристигнаа во регионот Запорожје за да ги заштитат нашите граници“.

„Момците од Белград се вистински патриоти. Нашите браќа по оружје пристигнаа во регионот на Запорожје, и покрај забраната на српското законодавство за српските граѓани да учествуваат во специјална воена операција“.

Како што рекоа, служеле во воената полиција дома во Србија и се мајстори за боречки вештини.

„ Денеска застанаа на линија со нашите момчиња, докажувајќи ја не со зборови, туку со дела нивната лојалност кон Русија и подготвеноста да се борат против нацизмот – рече шефот на областа Запорожје, Евгениј Балицки.

На фотографиите кои ги објавија се гледа група војници како и возила со симболот „З“. На руските профили на Телеграм беше објавено и видео на кое се гледаат двајца од српските платеници.

На видеото се гледаат вооружени маскирани мажи во воен камион со кои разговара Русин.
– Нашите браќа дојдоа од Србија. Зошто дојдовте, која е вашата цел? Што ве поттикна да дојдете во нашата единица? – тој прашува.

– Видовме дека се случува истото, како во деведесеттите во Југославија. Истото зло, империја, НАТО, Британија, Америка сега работат против нашите браќа и ние дојдовме овде да им помогнеме – рекол еден од нив на српски јазик. Наводно и двајцата биле припадници на српската полиција.

Друг одговараше на прашањето што ги чека Србија и Русија во иднина и зборуваше за ситуацијата во Косово.

 

– Мислам дека војната во Украина треба да заврши побрзо. Дека полека стивнува, се смирува, а на Косово никогаш не се знае што може да се случи. Ситуацијата е многу напната – одговорил друг маскиран на српски јазик.

Додека тие зборуваат, во позадина се слуша шум налик на истрел. Не се знае каде и кога е направена снимката.

Треба да знаете
Последни објави