Најмалку две лица загинаа во експлозија и голем пожар во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе ДПА. Други 12 лица се исчезнати по експлозијата и пожарот во хемиската фабрика во Панџин, провинцијата Лиаонинг, јави денеска кинеската телевизија Феникс ТВ. Во несреќата што се случила вчера, биле повредени 34 лица, од кои четири потешко.
Пожарот горел со часови пред да биде ставен под контрола, јавија кинеските државни медиуми.