Членот на ДУИ и еден од таканаречената „огнена група“, Невзат Бејта упати сериозни обвинувања против партијата, како и против неговите сопартијци, спикерот Талат Џафери и првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.
Бејта за Алсат М телевизија Груби го нарече тенеќе.
Запрашан за изјавата на Али Ахмети дека не го дава Груби, во стилот на негов неодамнешен гаф, дека е градоначалник од 24 карати, беше прашан, колку карати е Артан Груби, дали е 24 карати?
-Не се мери со карати што се мерат металите, тој е метал што нема карати и да имаше карати ќе беше подобар тогаш немаше да направи поделби во ДУИ. А тие што немаат карати се железо, тие што имаат карати се благородни метали, изјави Бејта.
Тој го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека е во коалиција со Арбен Таравари од 2017 година.
-Што се однесува до соработката на ДУИ со Арбен Таравари, соработката е тајна од 2017 година и координатор беше Талат Џафери. Талат Џафери се мобилизираа и создаде свои структури за да ме елиминираат од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари на локалните избори, изјави Бејта во емисијата „200“ на ТВ Алсат.
ДУИ денеска на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, на кој не присуствуваа членови од т.н. огнена група.
Првиот вицепремиер Артан Груби изгледа не го погодија навредите што му ги упати сопартиецот Бејта и ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети.
-Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро, изјави Груби за ЛАЈМ.
На прашањето дали Ахмети побарал оставка од него, како што бараат членовите на т.н. „Огнена група“ во ДУИ, Груби вели дека последниот збор го има партискиот лидер, кој „кажал сѐ“.