Украинската служба за итни случаи соопшти дека 25 лица сè уште се водат како исчезнати по ракетниот напад на станбен блок во Дњепар викендов, во кој загинаа најмалку 40 лица, меѓу кои три деца.
Досега се спасени 39 лица, меѓу кои и шест деца. Повредени се 79 лица, меѓу кои 16 деца.
Вкупно 47 лица се пријавени за исчезнати, од кои 18 се пронајдени мртви, четворица се живи кај роднини или во болници, а по уште 25 се трага.