Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека го поддржува ставањето на Иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации, како одговор на кршењето на основните човекови права во Иран.
– Реакцијата на иранскиот режим на демонстрациите е ужасна и страшна. Ги газат основните човекови права. Размислуваме за нов пакет санкции, а во тоа би ја вклучила и Револуционерната гарда. Слушнав неколку министри кои бараат исто како и јас, наведе Лајен.
Во септември минатата година во Иран избувнаа големи протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор.