Британскиот државјанин Руан Крајтон, талентиран балетан, е меѓу 70те жртви во авионската несреќа во Непал. Тој почина само еден ден откако наполни 34 години, пишува Daily Mail.
Крајтон беше 12-ти на листата на патници кои се качија на летот на „Јети ерлајнс“.
Спасувачите кои ги пребаруваат урнатините велат дека нивните надежи дека ќе најдат преживеани патници се мали. Авионот вчера се урна во стрмна клисура, се распадна и се запали додека се приближуваше до централниот град Покара.
Британскиот Форин Офис потврди дека меѓу жртвите во несреќата е и Крајтон. Инаку, Крајтон ден пред несреќата наполни 34 години.
Неговата смрт предизвика тага во балетските кругови во Европа.
Тој го посетуваше Централното балетско училиште во Лондон, а настапуваше со Словачкиот народен театар од 2008 до 2013 година. Потоа стана член на престижната национална опера и балет на Финска.