Вкупно тринаесет училишта во Куманово се реконструираат од почетокот на учебната година, од нив три средни, десет основни, соопштија денеска од Секторот за образование од општина Куманово.
Дел од реконструкцијата е завршена, дел ќе се спроведува и во второто полугодие.
Во средните „Перо Наков”, „Наце Буѓони” и гимназијата „Гоце Делчев” поставени се фотоволтаици и во овие три средни училишта заврши обемна реконструкција на фасади, внатрешна реконструкција, партерно уредување на дворовите, кровни конструкции …
Замена на прозорци и санитарии е завршена во „Вук Караџиќ”, изградено е мултифункционално игралиште во „Наим Фрашери”, прозорци кров, санитарии завршени се во „Христијан Карпош”. Со средства од МОН целосно се реконструира и „11 Октомври”. Заменета е фасадата на истурениот објект на „Браќа Миладиновци” кај Соколана.
Инвестиции има и во подрачни училишта во село Речица завршен е кровот, целосни реконструкции се завршени во објектите во Умин Дол и Љубодраг, во село Биљановце завршен кровот и фасадата, подови и тоалети се завршени во Романовце и Лопате
– И од страна на МОН и од страна на Општина Куманово се инвестира во училиштата. Од страна на МОН до сите општински основни училишта доставен е мебел и опрема за кабинетите по природни науки, како и 660 смарт уреди (таблети) за ученици кои потекнуваат од социјално ранливите категории. Дополнително од страна на Општина Куманово е инвестирано во набавка на училиштен мебел и ИТ опрема. Во продолжение во табелата детално се прикажани средни општински училишта, во кои се набавени училиштен мебел и ИТ опрема, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ. Набавени се персонални компјутери, лаптопи, монитори, опремени се кабинети, обезбедени се столови и клупи, инвестирано е во друга опрема. Во дел од училиштата адаптирани се тоалети и изградени се пристапни рампи и лифтови за учесниците со попреченост.
– Од страна на МОН е распишан тендер за пријавување на изведувачи за кровот на двете основни училишта, кои изведуваат настава во иста училишна зграда. Кога ќе заврши повикот и на истиот биде избран изведувач ќе започне реконструкцијата. Дополнително од страна на Општина Куманово е изготвен основен проекти за повеќе училишта и со истите имаме аплицирано на последниот повик за изградба и реконструкција на основните и средните училишта од страна на МОН, изјави Јовановиќ.
Одобрени се повеќе проекти од МОН меѓу нив за фасади, санации на кров, ѕидови, се чека и распишување на тендер за изградба на ново училиште за учениците од „Сами Фрашери”.
– Во текот на изминатата година реконструирани се отворените спортски игралишта со тартан подлога, трибини и спортска опрема во повеќе училишта. Сите училишта во кои се реновирани игралиштата, изјави Јовановиќ.
Како што претходно објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за инвестиции во образованието предвиден е буџет од 26.690.000 денари.