Долгогодишниот претседател на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел Ле Грет, е под истрага поради морално и сексуално вознемирување, јавија денеска француските медиуми.
Според истите извори, истрагата е отворена вчера по сведочење на менаџерката на неколку француски репрезентативци, Соња Суид, пред Генералниот инспекторат за образование, спорт и истражување (IGESR).
Ле Грет (81) се повлече од должноста прв човек на францускиот фудбал минатата недела, откако беше на чело на ФФФ од 2011 година.
Одлуката за негово повлекување беше донесена на вонредна седница на извршниот одбор на ФФФ по контроверзните изјави на Ле Грет поврзани со француската фудбалска легенда Зинедин Зидан.