Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 119-та седница на која ја разгледа Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик.
Задолжено е Министерството за култура да ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов” во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.