Според информациите од Островот, најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф потврдил дека сака да го купи Манчестер Јунајтед.
Компанијата „Инеос“ во сопственост на Ретклиф која е делумен сопственик и спонозр на Формул 1 тимот на Мерцедес влегле во почетен процес на преговори. Семејството, Глејзер во ноември потврди дека Манчестер Јунајтед е на продажба и тие се во потрага по нови купувачи.
Очекувањата се дека тие бараат најмалку пет милијарди фунти, а во игра за купување на клубот од „Олд Трафорд“ се инвеститори од Блискиот Исток, пред се Саудиска Арабија.
На почетокот на февруари би требало да бидат и официјално претставени кандидатите. Интересно е што Ретклиф минатото лето се обиде да го купи Челзи од Роман Абрамович, но на крајот ја загуби битката од Тод Боели кој плати 2.5 милијарди фунти и најави големи инвестиции.