Денешниот вечерен термин беше резервиран за натпреварите од групите Е, Ф, Х и Д. Во директниот дуел за првата позиција од нашата Норвешка по одличното второ полувреме го скрши отпорот на одличната Холандија и победи со 27-26, па со максимални четири бода ќе патува во следната фаза. Хрватска, по лошиот старт успеа да се врати во игра и да слави над Мароко со 36-24 , додека пак Србија и Данска остварија високи победи над Катар и Тунис.
Ни пет гола предност на стартот на второто полувреме кои ги имаше Холандија како најава за изненадување против Норвешка, не им беа доволни на „лалињата“ макар да освојат бод во нашата група, па извонредната одбрана на Скандинавците им донесе трета победа и максимални четири бода во новата група во главата фаза после победата со 27-26.
Холандија имаше џиновски 19-14 во воведните минути на вториот дел, после предноста од 17-13 во првиот дел, но тука избраниците на Штафан Олсон застанаа. До 47-та минута имаа само четири дадени голови, а Норвешка со серија од 6-0, големата негатива ја преточија во предност и потоа успеаа во возбудливата завршница да го скршат ривалот за победа.
„Лалињата“ дадоа само осум гола во вториот дел благодарение на извонредната одбрана на Норвешка, а Сандер Сагосен со седум гола ги предводеше во нападот, а Јоханесен даде четири. Смитс со седум и Стејнс со пет беа најефикасни кај Холандија, а голманот Равенсберген собра 12 инервенции, но сето тоа не беше доволно барем за реми и пренесување на по три бода во следната рунда.
Србија го здроби Катар со 34-24 за да пренесе два бода во новата група, покрај Германија со четири и Катар без бодови, во која Норвешка има четири, Холандија два, а Аргентина без бод во битката за местата за четвртфиналето.
Светскиот првак Данска го здроби Тунис со 34-21 за максимални три победи во групата и да пренесе максимални четири во новата група во главната фаза, а Бахреин после големата победа против Белгија во првиот дел од денешната програма носи два, додека белгијците без бод ќе влезат во следната фаза. Во неа, Египет ќе има максимални четири бода, пред Хрватска со два, откако „каубоите“ иако ужасно тргнаа во мечот против Мароко на крај славеа со 34-24, додека САД влегува без бод.