Чавушоглу: Отсуството на акција на Шведска чист расизам

Турскиот министер за надворешни работи, Мелвут Чавушоглу, денеска го нарече „чист апсурд” тоа што шведскиот државен обвинител не презема ништо во врска со инцидентот во кој демонстранти обесија маскота на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на турската дипломатија истакна дека инцидентот е расистички напад, злосторство извршено од омраза.

„Шведска не треба ниту да се обидува да ја залаже Турција дека се работи за слобода на говор”, додаде Чавушоглу.

Шведскиот обвинител денеска изјави дека нема да покрене официјална истрага во врска со овој случај.

Треба да знаете
Последни објави