Алијанса на Албанците со одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Државниот разум да надвладее над политичките калкулации

Стратешките партнери на РСМ, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: уставните измени.

Секое друго сценарио води кон изолација, несигурност и нестабилност во време кога Европа е повознемирена од кога било, од Втората светска војна.

РСМ нема друга алтернатива освен членство во ЕУ. Државниот разум треба да надвладее над политичките калкулации. На сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот.

Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ја заборави својата понова историја и не научи од грешките. Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворник.

Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?

Треба да знаете
Последни објави