Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, силно и енергично реагира на политичките етикетирања на две наши членки, Телма и Алфа, како и на заканите за ликвидација на вработените од Канал 5 ТВ од некои физички лица за кои до денес нема информација од надлежните институции дали воопшто се пронајдени и процесуирани.
Имено, политички некултурно но истовремено и опасно да еден лидер на партија , како што е Али Ахмети, на партиската трибина во Гостивар да ги нарече Телма и Алфа за „непријатели на Албанците“ , без при тоа им понуди како на присутните во салата и на целата јавност валидни докази за оваа клевета.
Дополнително, премиерот Димитар Ковачевски, наместо да ја осуди реакцијата на неговиот коалициски партнер од ДУИ, и тој на описен начин посочи со прст кон двете наши членки , Алфа и Телма. Со тоа Ковачевски од позиција на власт направи обид за упад во уредувачите политики на медиумите кои според Закон се слободни и независни, нешто што не требаше да се повтори, како лоша лекција од едно блиско минато.
Се надеваме дека овие ставови на две значајни политички фигури во нашето општество нема да се повторат повеќе од никого, се цел вработените во нашите телевизии, да не почнат да се плашат за својат лична но и корпоративна безбедност, и да продолжат слободно да ја работат својата новинарска работа.