Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство 2023.
Вечерва „црвено-жолтите” загубија од Аргентина со 26:35.
На трите натпревари се осврна пивотот Жарко Пешевски.
– На овој турнир не го покажавме нашето вистинско лице. Во репрезентацијата има атмосфера, но откако ќе излеземе на теренот како нешто да се случува. Имаме многу млади играчи и затоа ни треба поддршка. Патот во иднина ќе биде трнлив но се надевам на подобри резултати. Овде имаат играчи кои сс подготвени да се борат до последна капка крв. Веќе со нас не се Кире, Столе и едноставно сите треба да преземеме одговорност да не ни се случуваат вакви работи, рече Пешевски.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на Мундијалот продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место.