Две лица се повредени кога воз излетал од шините кај Нови Место во Словенија. Несреќата се случила во вторникот околу 21 часот и 30 минути кога возот налетал на дрвја на пругата, јавува порталот 24УР.
Според информациите, во несреќата учествувале девет лица, но двајца се повредени.
Директорот на Противпожарната станица во Ново Место, Грегор Блажич изјави дека сите повредени со возило на брза помош се пренесени во болницата во Ново Место.
Во акцијата за спасување имало седум професионални и 21 пожарникар доброволец, а истражител на железнички несреќи од Службата за истражување на воздушни, поморски и железнички несреќи и инциденти на Министерството за инфраструктура, кој е одговорен за утврдување на причините за несреќата пристигнал на местото на настанот,пренесе Блиц.рс.