Непријатен дочек имаше српскиот претседател Александар Вучиќ во Давос на Светскиот економски форум. На зградата преку улицата од хотелот во кој престојува српската делегација е закачено знаме на „голема Албанија“, јавува nova.rs. До него е закачено и знамето на Косово.
Во швајцарски Давос овие денови се одржува Светскиот економски форум. Собрани се на 1500 светски лидери кои ќе говорат за глобалните проблеми.
Вучиќ е еден од говорниците на панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.