Министерот за здравство, Беким Сали реагираше на постот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој тој го сподели а во кој се вели дека Сали унапредил 17 лица од кои 14 се Албанци и тројца Македонци.
Според Сали, во министерството што го раководи „секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи“.
„Апасиев треба сериозно да бара лек против албанофобија. Иако имаме добар кадар на клиниките, за жал Министерството за здравство се уште не открило лек за албанофобија, изјави министерот за здравство Беким Сали. Во министерството што јас го раководам секој се унапредува според заслугите и работата што ја работи, а не според партиската и политичката определба“, реагираше Сали.