Сé што кажа Христијан Мицкоски за енергетската криза излажа, сé што предвиде, излезе обратно.
Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста, велеше ќе нема струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Мицкоски велеше дека ќе има рестрикции, бидејќи нема да има доволно електрична енергија, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
Велеше дека јаглен има за уште два дена, а не само што има доволно јаглен, туку и термоелектраните го зголемија производството.
Лажеше Мицкоски дека РЕК Битола ќе се затвора, а сега во РЕК Битола работат трите блока.
Цената на струјата е намалена за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија, со што му пропаднаа апокалиптичните сценарија на Мицкоски за покапување на струјата.
Мицкоски како експерт по енергетика, покажа големо незнаење. Сé што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе погрешно