Знаме со „голема Албанија“ закачено наспроти хотелот во Давос во кој престојува Вучиќ

Непријатен дочек имаше српскиот претседател Александар Вучиќ во Давос на Светскиот економски форум. На зградата преку улицата од хотелот во кој престојува српската делегација е закачено знаме на „голема Албанија“, јавува nova.rs.  До него е закачено и знамето на Косово.

Во швајцарски Давос овие денови се одржува Светскиот економски форум. Собрани се на 1500 светски лидери кои ќе говорат за глобалните проблеми.

Вучиќ е еден од говорниците на панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“.

Треба да знаете
Последни објави