Македонската машка фудбалска репрезентација на 27. март во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против Фарските острови, што, воедно, ќе биде нивен прв меѓусебен дуел во историјата.
Како што попладнево официјално соопшти Фудбалската федерација на Фарските острови (ФСФ) натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 18 часот.
Репрезентацијата на Фарските острови ќе допатува во Скопје од Молдавија каде на 24. март ги почнува квалификациите за пласман на ЕУРО2024.
Македонија, пак, ги стартува евроквалификациите ден порано против Малта на домашен терен, во рамки на групата Ц во која се и Англија, Италија и Украина.