Полицијата го повикала на разговор градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски откако беше обвинет за физички напад од полицаецот Кристофер Стоевски.
Стоевски, вработен во ПС Крива Паланка, тврди дека бил натепан од градоначалникот пред четири дена, во позната гостилница каде тој и градоначалникот биле гости. Вербалниот инцидент кој препраснал во тепачка се случил на паркингот.
„По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу две возила, едно во сопственост на вработен во ‘Селект Кафе’. Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така видно изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка С.М. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со два шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка, изјави Стоевски.
Полицаецот посочува дека иако бил нападнат, не му возвратил на ист начин.