Стоилковски: Ковачевски да се посвети на граѓаните и европската иднина наместо на корупцијата и слугувањето на Ахмети

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар на повикот на Ковачевски за единствено кон членството во ЕУ истакна дека Ковачевски не е во единство за ЕУ, туку единствено се занимава со криминал и корупција по налог на ДУИ и повика Ковачевски да се посвети на граѓаните и европската иднина.

„Димитар Ковачевски не е во единство за ЕУ, Ковачевски единствено се занимава со криминал и корупција по налог на ДУИ. Наместо европска има криминална агенда. Ковачевски е слуга на Ахмети, наместо да слугува на интересите на граѓаните. Го повикуваме да престане со слугување на криминалот и корупцијата. Го повикуваме вистински да се покаже, доколку тоа го сака, наместо посветеност кон криминал и предавства, Ковачевски да се посвети на вистински дела за граѓаните”, нагласи Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави