Владата на Република Северна Македонија ја одржа 120-та седница, на која го прифати предлогот на Министерот за правда и за ВД директор на Управата за извршување на санкции, до изборот на нов директор, е именуван Јовица Стојановиќ.
Владата го прифати и предлогот на Министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување на санкции.
Стојановиќ е именуван за ВД директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница беше разрешен директорот на Управата.