Хамилтон бара 400 милиони евра за нов договор со Мерцедес

Новиот договор на Луис Хамилтон засега е неизвесен, а според информациите од британските медиуми тој побарал најмалку 400 милиони евра да стави потпис на нова соработка.

Засега не се знае на колку години би бил тој договор. Седумкратниот светски шампион треба уште две сезони да биде во Мерцедес, а потоа би бил амбасадор на овој бренд.

Хамилтон имаше очајна сезона. По она што се случи во 2021 година кога ја загуби титулата во последната трка од Макс Врестапен и тој и Мерцедес не беа ниту бледа сенка од она што навивачите го очекуваа.

Меѓутоа и покрај тоа според најавите Мерцедес е спремен да му ги исполни барањата за соработката да продолжи.

Треба да знаете
Последни објави