Антонов: Стејт департментот ги поттикнува украинските власти да извршат терористички акт во Русија

Вооружените сили на Русија нема да остават неодговорени напади на државната територија, вклучително и на Крим, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.Вака дипломатот реагираше на изјавите на западните политичари за брза испорака на модерни оклопни возила во Украина, како и на изјавата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс за прифатливоста на употребата на американско оружје во нападите на Крим.

– На сите мораше да им стане очигледно: какво и да е оружје што Американците или НАТО ќе му го достават на режимот , ние ќе го уништиме. Така беше за време на Втората светска војна, така ќе биде и сега – рече Антонов.

Пумпањето на Украина со оружје, вклучително и американско, само ќе доведе до поголеми цивилни жртви, посочи амбасадорот, повикувајќи да се внимава на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за неможноста да се победи Русија.

– Забележуваме дека реториката на американските претставници станува се повоинствена. Со изјавите кои се далеку од реалноста дека Крим е Украина, и дека вооружените сили на Украина можат да користат американско оружје за заштита на нивната територија, Стејт департментот всушност го турка режимот во Киев да изврши терористички акти во Русија – рече Антонов.

Тој предупреди дека ризиците од ескалација на конфликтот во тој случај ќе станат уште поголеми.

– Коментаторите наивно веруваат дека Русија нема да одговори на нападите на нејзина територија – заклучи Антонов,пренесе Новости.рс.

Треба да знаете
Последни објави