Борислав Кузмановски го извади осветениот крст во Куманово

Борислав Кузмановски, дваесет и тригодишен, вработен во Армијата, го фати чесниот крст во Соборниот храм „Свети Никола” во Куманово. На денешниот празник по крстот скока над педесетина верници. Кузмановски трет пат учествува на манифестацијата, но за прв пат успева да го фати крстот.

– Им посакувам на сите здравје и среќа на овој празник Богојавление, Водици, сите да се живи и здрави пред сè, вели Кузмановски.  Сите да се живи и здрави и нека се пријавуваат да се продолжи традицијата и адетот пред сè, за здравје се фрламе по крстот, не се надевав дека ќе го фатам, но на сите им посакам здравје и среќа, рече тој.

Тој ги повикува сите верници да продолжат да се пријавуваат за скокање по крстот за да се продолжи и зачува традицијата.

Кузмановски доби пригодни подароци од црквата и спонзорите, а од градоначалникот Максим Димитриевски беше даруван со телевизор.

Треба да знаете
Последни објави