Маричиќ: Првичните коментари на сите страни вклучени во скрингот се позитивни, првите извештаи за неколку месеци

„Првичните коментари од сите вклучени страни во скрининг процесот се позитивните, а оценката и клучните укажување ќе ги добиеме во скрининг извештаите, кои очекуваме да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот“ истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека за Кластер 1, за кој земјава скринингот го заврши пред нешто повеќе од еден месец, ќе побара скининг извештајот да биде доставен до нас во наредните три до четири месеци, со цел тој да помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции.

„Дополнително, во рамки на Патоказот за владеење на правото, ќе треба да подготвиме и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование. Ова се теми низ кои поминаа и во кои се подобруваа сите држави членки на ЕУ“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека додека се подготвуваат и финализираат патоказите, во координација со Делегацијата на ЕУ се подготвува и реформски план кој ќе ни обезбеди поголем фокус и исполнување на клучните реформски приоритети во текот на годината.

„Јасно треба да ни биде дека пред нас е долготраен, масовен, комплексен и многу значаен процес од повеќе аспекти. Овој процес бара многу вложување напори, труд, знаење и финансиски средства“ рече Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави