Арсенал го договори трансферот на Леандро Тросар од Брајтон

Најдобрата екипата во досегашниот тек на Премиер лигата, Арсенал имаше голема желба во овој преоден рок да ги обезбеди услугите на талентираниот Украинец Михаило Мудрик, но откако истиот заврши во лондонскиот ривал Челси тие се впуштија во нова акција која по се изгледа вроди со плод.

Имено нов член на „топчиите“ ќе биде репрезентативецот на Белгија, Леандро Тросард за кого ќе бидат платени 27 милиони фунти или поточно истите ќе легнат на сметаката на Брајтон. Ова се последните информации на Фабрицио Романо кој секогаш има вести од прва рака кога се во прашање трансферите, па така според него се е договорено меѓу клубовите, плус играчот веќе си има подадено рака со Арсенал когас е во прашање личните услови.

Тој ќе потпише повеќегодишен договор и тоа откако успешно ќе ги мине медицинските тестови.

Леандро има 28 година, тој од 2019 е во Брајтон, претходно играше во неколку тмови во Белгија.

Треба да знаете
Последни објави