Гаши оствари средба со Агелер, се разговараше за предлогот на ААА за политичката корупција

Претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, денеска оствари средба со американскиот амбасадор, Ангела П. Агелер.

Претседателот Гаши и амбасадорот Агелер заеднички се согласија дека ја делат истата визија за иднината на државата.

Тие ја потврдија нивната заедничка посветеност да ја видат земјата како напредува кон ЕУ и европските стандарди во општеството, како што е владеењето на правото.

Тие разговараа за плановите за забрзување на интеграцијата во ЕУ, вклучително и опциите за деблокирање на преговорите со ЕУ преку уставните измени.

Двете страни се согласија дека сите политички фактори треба да го поддржат патот кон ЕУ и да ги стават граѓаните на прво место, во обид да обезбедат подобра иднина за сите.

Претседателот Африм Гаши ја презентираше иницијативата на АлтернАтивА за поднесување на уставен амандман со кој ќе се исклучи кривичната застареност за политичката корупција, односно ќе се спречеше неказнивоста на корупцијата поврзана со политиката. Оваа иницијатива мора да го надмине етничкиот дискурс и да се фокусира на владеењето на правото како приоритет за целото општество. Претседателот Гаши за овој амандман ја побара американската поддршка, бидејќи е еден од најголемите чекори предложени досега, со директна цел борба против политичката корупција.

Треба да знаете
Последни објави