На Хрватска ѝ требаше само победа за да остане во трката за четвртфинале, па ова реми повеќе е како пораз за „каубоите“, зашто сега само теоријата останува за нив дека ќе може во „пет до 12“ да бидат меѓу најдобрите две во групата после денешниот меч по кој Данска има пет бода, Хрватска е на три, но гол-разликата е убедлива на страната на светскиот првак. Египет кој ги сомле Хрватите е прв со максимални шест бода по ова прво коло во главната фаза.
Данска имаше напад за победа, но акцијата за гол донесе грешка, по која Лука Циндриќ имаше шут од преку пола терен на недоволно добро наместениот Ландин на голот, но биеше над него за евентуална победа во мечот на кој „каубиите“ двапати водеа и со плус четири во текот на мечот, но Данците успеваа да стигнат, па неколкупати да победат пред да се влезе во трилер-завршницата во која ни една од селекциите не успеа да победи.
Питлик даде девет, а Мика Хансен осум гола како предводници на Данците, додека Шипиќ со девет и Главаш со осум беа најефикасни кај Хрватите.
Норвешка во тесен меч дури на крајот успеа да ја победи Србија со 31-28 за да остане максимална со шест бода, колку што има и Германија во групата и да направи чекор поблизу до четвртфиналето, практично елиминирајќи ги од борбата за четвртфинале нашите северни соседи.
Србија имаше плус три на полувреме (17-14), а дури плус пет на стартот на вториот дел (19-15), но Норвежаните со успеаа до завршницата да ја стопат предноста, а потоа од егал 22-22 со серија 7-2 да дојдат до преубедливи плус пет (29-24) и со тоа да го трасираат патот кон триумфот.
Сагосен и Бархолд дадоа по пет гола за триумфот на Норвешка, а Радивојевиќ, Ѓорѓиќ и Орбовиќ погодија по пет кај Србија како најефикасни во својот табор.