Двојка од Велика Британија која мачела деца со изгладнување, ги туркала под врела вода и ги хранела со сапун, прогласена е за виновна за повеќекратно злоставување на децата.
Децата на Шерил Пиклс (35) и Ендру Хадвин (39) биле толку гладни што би оделе и по повеќе од 6 км за во 4 часот наутро да ги пребаруваат кнатите на супермаркетите.
Кога се пријавени за злоупотреба, од едно возрасно лице од доверба и кога случајот дошол до полицијата се испаничиле и напишале писма, кои наводно требало да бидат писма напишани од нивните деца. „Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмото. Стручњак за ракопис подоцна утврдил дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис.
Децата барале статоци од храна по улица
Полицијата појрена истрага во 2018 година, по дојава за можна злоупотреба. Истрагата траеше четири години, а испрашани се 150 луше. Откриле дека Хадвин и Пиклс ги терале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, затворајќи ги потоа во ормани каде ги изгладнувале.
Децата често барале остатоци од храна по улица, а во една прилика најдени се во 4 часот наутро како одат до супермаркетот во потрага по храна. Двојата знаела да нарача храна и потоа да ги тера децата да ги гледа како јадат.
Судот во Дархам ги прогласи за виновни за повеќе казнени дела за занемарување деца. Хадвин е обвинет и за три случаи на силување на едно малолетно лице. Одреден му е притвор до 28 април, кога ќе му биде изречена казната.