Украина ќе го врати Крим од руската власт, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на обраќањето во живо на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос. Потоа зборуваше и за Путин.
„Не сум сигурен дека претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува на телевизија, е тој. Не сум целосно сигурен дека тој е жив и дека тој носи одлуки, односно кој одлучува таму. Какви луѓе се тие? Немам такви информации“, рече тој. „Не разбирам баш како можете да им ветите едно нешто на европските лидери, а следниот ден да започнете целосна инвазија на земјата. Само не ми е јасно со кого си имаме работа. Кога велиме „мировни преговори“, јас не разбирам со кого треба да преговараме“, додаде Зеленски.
Тој уште еднаш ги повика западните сојузници и партнери да испратат повеќе оружје во Украина за да помогнат во борбата против руската агресија. Тој рече дека на Украина итно и треба опрема, артилерија и гранати.
„Ние сме зборувале стотици пати за недостигот на оружје. Не можеме само да одиме за мотивација“, рече тој.
„Украинската воздушна одбрана останува слабост и Русија најверојатно наскоро ќе изврши нова серија напади со беспилотни летала“, додаде Зеленски,пренесе Индекс.хр.