Надал надвор од теренот 6-8 недели поради повреда на ногата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за тоа колку време ќе му треба да закрепне од повредата на левата нога.

– Ми треба одмор и антиинфламаторна физикална терапија. Типичното време за заздравување е од шест до осум недели, напиша Надал на Твитер.

Надал загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија опен (4:6, 4:6, 5:7). Во вториот сет почна да чувствува болка во левата натколеница.

Шпанецот е актуелен шампион на Австралија опен.

Треба да знаете
Последни објави