Николовски во Берлин на 15. Конференција на министрите за земјоделство во рамки на „Зелена недела”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од денеска до 21 јануари 2023 година заедно со делегација на Министерството ќе учествува на 15. Конференција на министрите за земјоделство 2023 која се одржува во рамки на меѓународниот саем за земјоделство „Зелена недела”.

Предвидено е Николовски да има обраќање на конференцијата на која се очекува министрите за земјоделство да го усвојат финалниот текст на заедничкото коминике.

Во рамки на работната посета на Берлин, министерот Николовски ќе оствари средба и со Мартиен Ван Њукуп, глобален директор за земјоделство и храна на Светска Банка, а ќе учествува и на состанокот на SWG-RRD каде учествуваат министрите за земјоделство на земјите од Западен Балкан.

Во чест на христијанскиот празник Водици, Николовски ќе присуствува на празнична богослужба во македонската црква Свети Климент Охридски во Берлин.

Треба да знаете
Последни објави